Петар Заборски и Петар Спасеновски на подготовки во Подгорица за ЕП во Баку

Карате репрезентативците на Макпетрол Петар Заборски и Петар Спасеновски имаа петдневни  заеднички  подготовки во Подгорица со КК Омладинац од Црна Гора и репрезентатиивци од Хрватска, Косово и Албанија за Европското сениорско првенство во Баку, Азербејџан, од 25 до 29 март. 

Инаку, Омладинац е најдобриот црногорски клуб со многу европски и светски медалисти.

Од викендов Заборски и Спасеновски, како и Сара Радичевска, Симона Заборска и Ангела Мојсовска се ставаат на располагање на селекторот Сашко Арсовски.

Целта е на ЕП да се освои медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО