Александар Димовски: Каде би се борел за светската титула, ако не пред моите битолчани!

163

По официјалната објава на промоцијата Кинг оф кингс дека Аледксандар Димовски – Димса ќе се бори за светската титула во тешка категорија во К-1на 4 април во Битола против Гркот Михаил Карамускетас, битолскиот кик боксер вели дека подготовките се уште во тек, кои се почнати на 1-ви јануари и ќе траат и овој месец, со тоа што сега се најаките и најтешките тренинзи.

„Тренираме со мајсторот Златко Неделковски од Академијата За Нед до. Тој човек ме врати во живот и ме донесе на највисоко ниво во овај спорт“, истакнува Димса.

А, за тоа, како е долучено борбата за појасот на КОК да биде во Битола Димовски вели:

„Кога разговаравме со председателот на Кинг оф кингс, Донатас, за борбата за појасот, тој ни понуди мечот да биде кај нас во Македонија. Ние прифативме, и, нормално, Битола беше логичен избор. Каде би се борел за тој појас, ако не пред моите битолчани. Очекувам победа и освојување на појасот“.

Александар го респектира противникот, како и секој друг, но…

Ова е мој терен, мој град, моја држава,тука јас сум победник“, категоричен е Димовски!

Тој не знае многу за противникот, само знае дека се борел во разни силни организации и е добар борец. Констатира дека веќе нема лоши борци.

„Ја очекувам поддршката, покрај онаа од моите битолчани, и од цела Македонија. Дојдете бидете дел од овај единствен спектакл во историјата на нашата држава“, истакнува Димса.

Ipon.mk