Фјури симулирал повреда, за да провери дали протекуваат информации

Светскиот шампион во боксот, Тајсон Фјури симулираше потрес на мозокот во подготовките за неговиот меч со Дионтеј Вајлдер за да види дали има информации што протекуваат од неговиот камп. Британцот го совладаа Вајлдер со технички нокаут на 22и февруари и го освои појасот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ). Фјури во јабуари беше забележан како наткривнува, кога се шпекулираше дека е повреден во една од неговите спаринг-сесии.

„Тајсон го направи тоа, за да види дали се зборува за неговите подготовки надвор од кампот. Ги испроба сите, за биде убеден дали протекуваат информации. Со него секогаш е така, може да направи некоја игра”, вели неговиот братучед Енди Ли, кој е дел од неговиот тим. Фјури е подготвен да се соочи со Вајлдер по трет пат, таков меч веројатно ќе има во јули.

Британецот веќе призна дека ќе има два меча, по што веројатно ќе замине во пензија. Неговата желба по мечот со Вајлдер, е да се соочи со Ентони Џошуа за да се добие апсолутен светски шампион.

„Мислам дека ме чекаат два меча, по што можам да застанам мирно. Јас сум професионалец веќе 12 години, а тоа е долго време”, рече шампионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON