Тајсон Фјури се брани на социјалните мрежи поради притисокот што го предизвикаа неговите интервјуа во последните денови. Тој дури може да биде сослушан од полицијата за сеење на омраза, откако против него е поднесена жалба во општина Манчестер.
Новиот светски шампион во бокс во тешка категорија, изјави дека местото на жените е во кујната и легната на грб да гледа во мажот. Неговите зборови ги погодија и хомосексуалците. Над 90.000 луѓе веќе ги ставија потписите на петицијата, чија цел е да се тргне од номинацијата на ББЦ за Спортист на годината.
„Можеби ќе сакаат и да ме соборат со омраза и други зли начини, но знајте дека се уште ги сакам моите браќа и сестри – напиша на Твитер, Тајсон Фјури. Сакај ги непријателите и моли се за нив. Сигурно боли што Ром е најдобар боксер на планетата“.
https://youtu.be/kflhT88fAxM