Фабрицио Вердум-Каин Веласкез реванш-меч на УФЦ 196

Fabricio Verdum-velsaskez

Наближува долгоочекуваниот момент кога Фабрицио Вердум и Каин Веласкез по втор пат еден ќе излезат еден против друг за време на УФЦ 196.

Навивачите на тешка категорија, можат да си го забележат во календарот датумот на нивниот меч, бидејќи се најавува еден навистина голем судир.

 Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во средата објави дека борбата за титулата во тешка категорија ќе биде реванш-меч меѓу шампионот Фабрицио Вердум и Каин Веласкез, кој ќе се одржи за време на УФЦ 196 на 6 февруари во Лас Вегас.

„Се уште не сме почнале со лансирањето и промовирањето на мечот, кој ќе се одржи на 6 февруари во Лас Вегас“, рече Вајт.

Од УФЦ му рекоа на Ариел Хелвани за MMA Fighting дека овој меч уште не е официјално именуван и во реалноста се работи на преговорите за условите за да го направат главна средба на УФЦ 196.

Вердум е несомнено е еден од најдобрите борци во историјата на тешката категорија на овој спорт. Тој го победи Веласкез во трета рунда за време на УФЦ 188, при што му ја одзеде титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО