Фјури откри кога се враќа во рингот

Тајсон Фјури, кој е светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, во интервју откри дека неговиот следен меч се очекува да се одржи во февруари или март 2022 година.

„Дефинитивно ќе се борам на крајот на февруари или почетокот на март, еден милион проценти“, увери Фјури, додавајќи:

„Ако тоа не се случи, ќе го отпуштам целиот мој промотивен тим и ќе се промовирам, ќе создадам „Џипси кинг промоушнс“, изјави Фјури за светскиот печат.

Да потсетиме, Тајсон Фјури успешно ја одбрани светската титула во тешка категорија на ВБЦ нокаутирајќи го во 11-тата рунда Дионтеј Вајлдер во главниот меч на боречката гала вечер на 9 октомври во Лас Вегас и се уште без пораз во професионалната боксерски ринг (31 победа (22 со нокаут) и 1 нерешен меч (против Дионтеј Вајлдер во првиот нивни судир)).

„Во секој случај, ќе се борам кон крајот на февруари или почетокот на март. Ова е сто проценти загарантирано. Не ми е гајле против кого ќе биде, бидејќи крајниот резултат секогаш ќе биде ист: ќе победам и ќе го нокаутирам копилето“, додаде Ирецот.

Фјури, пак, рече дека е подготвен да ја игнорира одлуката на ВБЦ (Светскиот боксерски совет одби да нареди задолжителна одбрана) и дека сепак ќе се бори со Дилиен Вајт. За да го направи тоа, сепак, „Ромскиот крал“ има цена што нема намера да ја симне.

Според медиумите на Островот, светскиот шампион во тешка категорија нема проблем да се соочи во рингот со „Крадецот на трупови“. Ова ќе се случи доколку Фјури добие 80 отсто од приходите и фиксната такса предвидена за средбата!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО