Фјури му дал бонус на човекот во аголот, затоа што му ја спасил борбата со Валин

Тајсон Фјури забележа тешка победа над Ото Валин со одлука на судиите изминатиов викенд во Вегас. На почетокот на средбата Валин сериозно ја повреди аркадата на Фјури со еден од неговите силни удари и крвта не престана да тече. Повредата на аркадата беше многу сериозна и веднаш над окото, што можеше да доведе до крај на битката и прва професионален пораз на Фјури. За негова среќа, имаше многу добар човек во аголот, кој си ја заврши работата перфектно и ја спаси ситуацијата. Хорхе Капетио, кој е човек во аголот на Фјури, изјави дека му дал бонус по борбата, заблагодарувајќи му се за зачувувањето на неговиот скор без пораз.

„Исеченицата на аркадата беше прилично голема и користев многу вазелин, за да ја сокријам од докторот. Целта ми беше вазелинот да навлезе внатре,кога Валин задавше удри. Точно зардаи тоа ставав, затоа што не сакав крвта да тече и да влезе во окото на Фјури. Да, знаев дека има веројатност да ја прекинат сребата. Целта ми беше да ја одржувам аркадата чиста од крв, за да не ја прекинат средбата. Очигледно беше дека Фјури ги добива рундите. Да, ова е најголемата повреда на аркада што сум ја видел во мојата кариера како човек во аголот. Да, се видовме по мечот и тој ме прегрна и ми се заблагодари. Покажа многу љубов кон мене и ми даде бонус. Отидов да го видам и тој е во ред. Покажа благодарност спрема мене и се погрижи за мене со мал бонус“, рече Капетио за ТМЗ.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=jE2k8N2siWs
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО