Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури тврди дека легендарниот Мајк Тајсон сакал 500 милиони долари за да направи шоу во рингот.
Железниот Мајк објави дека се враќа во рингот и почна да се подготвува машки. Целта на 53-годишниот ветеран е да заработи пари, кои потоа ги донира во добротворни цели.
Мајк ја одби понудата на БКФЦ од скоро 20 милиони американски долари за бокс со голи раце рака против Вондерлеј Силва. Фјури беше еден од оние што сакаа да го запознаат меѓу јажињата, но кога станува збор за пари, работите се расипаа.
„Имаше преговори за меч меѓу нас. Неговите луѓе ме контактираа и двајцата разговаравме по телефон. Вистина е, но никогаш не се случи. Оној што му понуди на Мајк да му плати за враќањето нам ни понуди кикиритки. Мајк зборуваше за 500 милиони долари, но она што излезе на хартија беше смешно. ЕСПН ми понуди 10 милиони. Сега, мислам дека сите се продложија напред и тоа го заборавија.
Би боксувал со него, но при пораз би рекле дека сум ѓубре, затоа што сум изгубил од 53-годишен боксер. Ако го победев, тогаш ќе речеа дека сум силеџија. За мене и двата случаи се пораз. Не ми требаат тие пари што ми ги понудија да се борам со некој кој е далеку од неговите најдобри години“, рече Фјури.
Фјури ја очекува третата средба со Дионтеј Вајлдер, а во 2021 година ќе има две битки со Ентони Џошуа. Мајк продолжува да се подготвува, но за него сè уште нема противник.
https://www.instagram.com/p/CByOXy-pmWN/?utm_source=ig_embed