Нагну се присети на деновите кога копаше и товараше песок во Камерун (ВИДЕО)

Претендентот за титулата во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану не го заборави својот почеток. „Предаторот“ сега е на врвот на ММА, но во раните години работел товарач на песок во Камерун. 33-годишниот борец бил на работ на преживување со семејството и работата била единствениот начин да заработите пари и да преживее.

За среќа, Нгану успеа да ја напушти татковината и да стигне до Франција, каде ги направи првите чекори во боречките вештини. До денес, тој е најстраотниот борец во тешка категорија на УФЦ. Френсис има скор 15-3 во ММА и е во серија од четири последователни победи со нокаут во првата рунда. Тој си обезбеди нова шанса за титулата, но ќе мора да почека, затоа што Миочиќ ќе го брани појасот против Даниел Кормиер.

„Можеби сега сум врвен борец во УФЦ, но секогаш кога ќе се вратам дома, минувам извесно време товарајќи песок и работам со моите пријатели. Така работевме кога бевме деца. Денес ми е забавно да правам тоа, но како дете бев принуден да работам и ми беше многу тешко. Морав да работам затоа што тоа беше единствениот начин да го добиеме она што ни требаше за да преживееме“, изјави Нгану за деновите кога товараше песок во Камерун.

https://www.instagram.com/p/CB3lcUknVVx/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО