Фјури-Кличко 2 кон крајот на септември или октомври

tajson Fjuri navivac

Реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко ќе биде презакажан за крајот на септември или октомври. Ова го објави чичкото, менаџер и тренер на Британецот, Питер Фјури.

Во моментов, светскиот шампион во бокс во тешка категорија е на Европското првенство во фудбал. Тој замина за Франција со пријателите.

„Мислам дека мечот ќе биде презакажан за крајот на септември или октомври. Отиде во Франција, за да се забавува и да ја поддржи својата земја. Не гледам никаков проблем во тоа. Тајсон не може да тренира најмалку четири или пет недели. Што да прави? Да си седи дома? Подобро е да се смири со нешто“, изјави Питер Фјури.

Питер Фјури не сакаше да ги коментира гласините за позитивен допинг тест од минатата година. Пред неколку дена британските весници објавија дека во тестот на Тајсон Фјури се откриени траги од анаболични стероиди на Nandrolone.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО