Фјури: Ќе испиете неколку пива, ги имате броевите на сите славни личности, што ќе правите? Му ѕвонам и на Руни

Тајсон Фјури ги потврди зборовите на Ентони Џошуа за меѓусебните контакти иницирани од „Кралот на Ромите“.

Џошуа неодамна изјави дека неговиот ривал знае да го изнадно да му заѕвони само за да му каже дека ќе го нокаутира и малку да се пошегува.

 „Понекогаш ќе го повикувам и велам: „Што има ЕЏ, како си, мекотел? Малку се навлекуваме, велејќи дека ќе се нокаулираме еден со друг. Му реков: По твојата последна изведба ќе ти треба многу подобрување за да ме нокаутираш”, рече 31-годишниот Британец.

„Ќе се насмееме малку, малку се шегуваме. Кога во мобилниот телефон ги имате сите броеви на светски шампиони во тешка категорија и на славните спортисти и ќе испиете неколку пива, што ќе правите? Што сте? Јас само малку се шегувам. Ги повикувам Дилиен Вајт, Вејн Руни и Ентони Џошуа”.

Во интервју за „Behind The Gloves“раскажа слична приказна.

„Тој е интересен лик. Тајсон знае изненадно да ми се јави на телефон и да каже нешто како: Се јавив малку да се насмееме. Потоа ќе му речам дека ќе го нокаутирам, тогаш тој вели: Замолчи, јас тебе ќе те нокаутирам. Таков е Тајсон и нашиот однос“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО