Фјури кажа зошто ја лижел крвта на Вајлдер

Неверојатен е Тајсон Фјури, светскиот боксерски првак во тешка категорија во ВБЦ верзијата. Точно на 22 февруари минатата година, во Лас Вегас „Кралот на Ромите“ просто го демолираше Дионтеј Вајлдер, мечот беше прекинат во седмата рунда. Фјури бепше доминантен, „царуваше“ а рингот, а во еден момент се случи нешто несекојдневно.

Името Фјури почна да ја лиже крвта од телото на својот ривал.

Дури по една година, во едно интервју, Фјури го објасни својот потег:

„Во бројните интервјуа во неколку наврати кажав дека сакам да ја осетам крвта на Дионтеј Вајлдер. Тоа го искористив во шестата рунда, и тоа и го направив. Морав тоа да го сторам со цел да ја осетам крвта на својот плен. Бев во улога на ловец таа вечер. Јас сум како лав, тој беше како газела“ посочи Фјури.

Оваа година Фјури го чека веројатно мечот на кариерата, и тоа против Ентони Џошуа во борбата за апсолутен светски првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО