Фјури: Јас сум најдобар на светот во мојата ера, а Вајлдер е вториот најдобар

Тајсон Фјури го нокаутира Дионте Вајлдер и од нивната боксерска трилогија излезе како непоразен, а веднаш по победата, во рингот му се заблагодари на Господ, и го цитираше славниот актер од Вестерн филмовите, Џон Вејн.

„Како што кажа големиот Џон Вејн, јас сум составен од железо и челик. Сакам да му се заблагодарам на Бог и спасителот Исус Христос. Јас го славам, а тој ми ги дава овие величенствени победи. Двапати бев на под, не ми беше лесно, Вајлдер силно удира. Сепак, како што кажувам секогаш, јас сум најдобриот боксер на светот во мојата ера, а тој е вториот најдобар. Кога е најтешко, тогаш сум најдобар. Ако си играте со оган, ќе се изгорите“, порача Фјури кој после нокаутот отишол да му искаже љубов и почит на противникот, но тој не му вратил ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО