Судиските картички откриваат: Вајлдер на половина меч имаше бодовна предност над Фјури

Бронзениот бомбардер го шокираше Ромскиот крал во четвртата рунда откако го собори двапати. Се чинеше дека Тајсон Фјури е во неволја. Но, Британецот започна посилно и трпеливо ја чекаше можноста.

И таа му се појави во 11-тата рунда кога по трет и последен пат го собори Вајлдер во одличен меч пред 15.000 гледачи во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

Британскиот боксер го бранеше појасот на ВБЦ во тешка категорија и триумфално ја заврши трилогијата против Американецот.

За време на средбата Фјури остави подобар впечаток, беше подоминантен и ја контролираше борбата.

Но, картичките на судиите покажуваат дека заостанал половина поен на половина од мечот.

Американскиот борец доби предност во четвртата рунда во која двапати го собори Британецот, а сите тројца судии бодуваа 10-7 за Вајлдер.

Во средината на мечот Тајсон Фјури ја презеде целосната контрола на борбата и собра поени кај судиите.

Кралот на Ромите до нокаутот водеше на картичките кај сите тројца судии, Дејв Морети (95-91), Тим Хитам (94-92) и Стив Вајсфелд (95-92), па така, дуелот завршеше во 12-тата рунда, победата повторно би му припаднала на Британцот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО