Фјури и Вајт заработија огромни суми на пари: Откријте за кои цифри се работи

Тајсон Фјури е боксер кој често истакнува дека одамна заработил доволно пари и дека тоа не е нешто што го движи во животот. Семејството, среќата и религиозноста се она што го турка Фјури на прв план. Сепак, со победата против Дилиeн Вајт, Џипси Кинг дополнително го зголеми своето конто со многу добра бројка.

Френк Ворен и неговата промоција Квинсбери обезбедија хонорар од 41 милион долари за двајцата боксери. Поделбата беше договорена во сооднос 80:20 во корист на Фјури. На крајот, кога станува збор за конкретни суми, на Тајсон Фјури му беа гарантирани 29,5 милиони долари, но имаше и можност за дополнителен бонус во случај на победа.

Тој бонус е 4,1 милиони долари, а Фјури тие пари ги обезбеди со нокаут во шестата рунда. Така Фјури се враќа дома побогат за минимум 33,6 милиони долари. Додадете ги различните суми што тој веројатно ги заработил од дополнителни приходи, како спонзорски договори и слично, заработката на Тајсон Фјури е уште поголема.

Што се однесува до Дилиен Вајт, неговото парче пита е значително помало од она на Фјури, но ниту Дилиен не може да се пожали. Вајт за својот настап заработи 7,4 милиони долари и тоа е речиси сигурно највисокиот хонорар што го заработил во досегашната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО