Жилберт Барнс изрази желба за борба со Дастин Пориер

Поранешниот предизвикувач за титулата во средна категорија Жилберт Барнс е подготвен да се бори со Дастин Пориер.

На социјалните мрежи Пориер рече дека сака да се бори. Во последниве месеци, Дијамнтот постојано се залага за борба со Нејт Дијаз. За жал, УФЦ не сака да ја организира.

Пориер веќе неколку месеци е неактивен и подготвен за борба. Во последната битка Дастин загуби од Чарлс Оливеира во борба за титулата во лесна категорија. Потоа рече дека планира да се бори во повисоката категорија.

„Сакам да се борам“, напиша Пориер на социјалните мрежи.

Брнс реши да му олесни на Пориер и напиша дека е подготвен да се бори со него во полусредна категорија.

„Во полусредна категорија?“, напиша Барнс како одговор на Пориер.

Во својата последна борба Барнс со одлука загуби од Хамзат Чимаев. Дана Вајт му вети голема борба на Жилберт, бидејќи одлично се претстави против Чеченцот. Останува да се види дали ќе има развој за средбата меѓу Пориер и Барнс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО