Фјури и Вајлдер заработија 25 пати повеќе пари од сите на УФЦ 270

Во последните неколку дена имаше сериозни расправии околу платите кои борците на УФЦ ги земаа минатиот викенд во Калифорнија. Френсис Нгану и Сирил Гане се бореа во главната борба и заработија смешни плати. Нгану замина со само 600.000 долари, а Гане со 500.000 долари.

Дана Вајт и неговите луѓе беа жестоко критикувани за овие ниски плати. Нгану веќе најави дека никогаш повеќе нема да се бори за 500-600 илјади долари и не сака да потпише нов договор. Се чини дека темата за ниските плати во УФЦ ќе кружи уште долго време.

Андреас Хеја од Combat Sports направи едноставна пресметка која ќе го налути претседателот на УФЦ. Андреас ги спореди платите на сите борци на УФЦ 270 со оние на Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

Двајцата боксери поделија 50 милиони долари, а сите борци на УФЦ 270 земаа вкупно 1,8 милиони долари. Тоа е 25 пати помалку од Вајлдер и Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО