Фјури и Усик би можеле да се борат на 17 декември во Саудиска Арабија

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0) и шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (20-0) почнаа преговори за борба за одредување на неприкосновениот светски шампион во тешка категорија, пренесува британското издание на Дејли Мејл.

Борбата би можела да се одржи на 17 декември во Саудиска Арабија пред финалето на Светското фудбалско првенство 2022 година во Катар.

„Заинтересирани сме да ја одржиме борбата за апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сакаме да се бориме во градот Ријад“, изјави саудискиот министер за спорт Мохамад Абдулазиз, пренесува Дејли Меил.

Усик го победи Џошуа со поделена одлука (116:112, 115:113, 113:115) на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија. Така, ги одбрани своите титули на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија и ја освои титулата на магазинот „Ринг“.

Фјури последен пат се бореше во април со Дилиен Вајт (28-3) и го нокаутира на преполниот стадион Вембли во Лондон, со што ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО