Конор Мек Грегор: Јас сум најдобриот ММА борец во светот!

Поранешниот двократен шампион на УФЦ во перо и лесна категорија, Конор Мек Грегор (22-6) изјави дека се смета себеси за најдобар ММА борец, без разлика на категоријата.

Минатиот викенд во Јута, Камару Усман, кој е број 1 на топ листите на УФЦ, загуби со нокаут од Леон Едвардс. Така тој се раздели со титулата и ќе падне од 1-вото место на П4П листата.

„Озлогласениот“ смета дека Усман бил број 1, иако ја предводеше листата на УФЦ. Мек Грегор изјави дека секогаш бил најдобар, а неговото владеење било долго како леприкон.

„Кој е најдобриот борец во моментов, без разлика на категоријата? Ќе ти кажам кој. Оној што беше таму цело време. Истиот. Единственото. Јас, копилиња.

Моето владеење на врвот е долго како леприкон. Кој сака да се бори за титулата? Ќе бидам во морето следните 40 секунди и се враќам. Јавете ми се во секое време – тешки рамења“, напиша Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО