Фјури и Џошуа се фатија за гуша

tajson_fjuri

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, и нокаутерот, Ентони Џошуа, повторно се фатија за гуша, откако се нападнаа меѓусебно преку интернет.

Нападите меѓу двајцата траат подолго време. Досега Џошуа не враќаше на острите тонови на Фјури, но очигледно дека бил изнервиран од последните изјави од „Карлот на Циганите“.

„Џошуа не го бидува за ништо. Тој ќе го загуби мечот со Чарлс Мартин“, изјави пред неколку дена Фјури и доаде:„Не работи со нозете, не може да боксира, нема удар со предната рака. Единствено што поседува е моќниот удар, кој го имаат сите што ги пумпаат мускули со железо во период од пет години и се високи по 200 см. Гледам дека Мартин ќе го нокаутира“.

Џошуа ќе се бори со Чарлс Мартин во сабота вечер. Олимпискиот шампион од Лондон дефинитивно е лут на вербалната напади.

„Кој е овој човек да зборува на тој начин. Тоа е слабост на Фјури. Треба да биде малку повеќе скромен. Бидејќи кога пеколот и громовите ќе паднат врз него, нема да има што да каже. Мисли дека е Шугар Реј Робинсон, но не е“, изјави Џошуа.

https://youtu.be/WTYWRk15x6g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО