Фјури го нокаутираше Хамер, го сака Кличко за противник! (ВИДЕО)

fury nakon hammera

Тајсон Фјури го порази Романецот, Кристијан Хамер, во борбата за титулата првак на Европа и предизвикувач на светскиот шампион во тешка категорија. Владимир Кличко.

 Британскиот боксер до 24-та победа во кариерата дојде во осмата рунда, бидејќи од аголот на Хамер долета крпа, што автоматски значеше и прекин на мечот.

„Натпреварот беше тежок, издржа многу удари, но неговиот тим знаеше дека не може да продолжи. Следниот што сакам да го видам во рингот е Кличко, напредував и сум подготвен за него“, рече Фјури.

Тимовите на двајцата боксери моментално разговараат за тоа како да се најдат слободен термин за мечот Фјури – Кличко.

 

http://youtu.be/zBYYLFzRkvQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО