Борачите на подготовки во Бугарија за Европските игри во Баку!

Bogdanov-Hamikoev

На висински подготовки во Тетевен, Бугарија, ќе патуваат борачите Бобан Данов, Деан Митров, Дејан Богданов, Елмедин Сејфулау, Иван Јанев и уште еден борач, ова беше одлучено на состанокот во Радовиш на Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и стручниот штаб на репрезентацијата.

Како што ни изјави претседателот на ФБСМ, Чедо Николовски, подготовките, кои ќе трајат до 21 март, се за Европските игри во Баку, Азербејџан, во јуни. На подготовките ќе биде и Тони Танчев, селектор на репрезентацијата до 23 години и помошник на селекторот на сениорската репрезентација, Љуљзим Вранези.

Во Скопје, под раководство на Вранези ќе се подготвуваат Јасин Реџелари и Бесмир Весели, кои претстојниот викенд ќе настапат на турнирот „Петар Сираков“ во Бугарија, како дел од подготовките за Европското првенство во Полска за младинци до 23 години, кон крајот на месецов. Во комбинација за „Петар Сираков“ е и Иван Јанев, а тоа ќе се знае за два-три дена.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО