Фјури до Нгану: Дојди кај мене, ако сакаш големи пари

Тајсон Фјури му честиташе на Френсис Нгану по одбраната на титулата во тешка категорија на УФЦ. Предаторот го победи Сирил Гане во главната борба на УФЦ 270 во Калифорнија.

Ова беше последната борба од договорот на Нгану, кој не сака да потпише нов договор и инсистира на повеќе пари и боксерски пресметки. За жал, одбраната на титулата автоматски го обврзува Нгану да направи уште една борба во УФЦ.

Тоа значи дека доколку не потпише нов договор, тогаш нема да може да оди против Фјури во неговата следна битка. УФЦ во моментов е во многу тешка позиција, бидејќи ако му дозволат на Нгану да се бори во бокс, тогаш многу други ѕвезди ќе инсистираат на истото.

Нгану знае дека во боксот има пари, а Фјури постојано го предизвикува. Во борбата со Гане Нгану зема само 600.000 долари. А Фјури собра 30 милиони од битката со Дионтеј Вајлдер.

„Френсис Нгану, честитки! Меѓутоа, ако сакаш да ги земеш вистинските пари, тогаш дојди кај мене“, напиша на социјалните мрежи Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО