Филип Додевски (-87 кг) освои златен медал, а Дејан Георгиевски (+87 кг) сребрен на Европското клупско првенство за сениори во Солун – Грцијан кое не претставува ТКД Бутел од Скопје.
Додевски во финалето славеше против Драшко Јованов од Србија, а во полуфиналето го победи носителот на бронзениот медал од Светско првенство Трабелси од Тунис, кој се бори за австриски клуб.
Додевски ги победи: Дијамантидис од Грција, Бабаевски – Русија, Антониос – Грција, Трабелси – Австраија и Драшко Јованов Србија.
Дејан Георгиевски категорија (+87 кг) со две победи во пресметката на деветте најдобри тешкаши се закити со сребрениот медал.
„Во финалето во до крај цврста борба со актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија кој се бори за австриски клуб се избори за среброто. Дејан во првата борба го победи Ѓорѓе Марчетиќ од Србија, а во полуфиналето Омар Ел Јазиди од Франција“, вели тренерот Дарко Костовски од нашиот претсатвник на ЕП ТКД Бутел.
Тој истакнува дека одлични настапи имале и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски, а особено Костадин Георгиевски кој загуби во тесна борба за медал.
Резултати
-80 кг – 20 натпреварувачи
Костадин Георгиевски – Александар Филипов (Израел) 16-8
Костадин Георгиевски – Алескандар Радојковиќ (Австрија) 4-12
-87 кг – 20
Филип Додевски – Јосиф Дијамантидис (Грција) 26-11
Филип Додевски – Глеб Бабаевски (Русија) 6-5
Филип Додевски – Антониос Панопулос (Грција) 24-6
Филип Додевски – Јасин Трабелси (Австрија) 14-7
Финале
Филип Додевски – Драшко Јованов (Србија) 0-0 (WDR)
Марко Стевиќ – Павел Циганков (Русија) 1-5
-87 кг – 9
Дејан Горгиевски – Ѓорѓе Марчетиќ (Србија) 5-4
Дејан Горгиевски – Омар Ел Јазиди (Франција) 1-0
Финале
Дејан Горгиевски – Абдул Исуфу (Австрија) 2-7
Вчера:
Анамарија Георгиевска (62 кг) – Софија Цивици (Грција) 1-2
Иван Крстевски (-67 кг) – Владислав Југај (Русија) 12-14
Се извинуваме поради ненамерната грешка што настана во првичното известување поради системот на Европската таеквондо Федерација.
Ipon.mk