Џошуа: Ако забугам од Милер, ќе си пукам во глава!

Светскиот шампион Ентони Џошуа со драматична изјава ако го изгуби мечот со Американецот Џарел Милер.

Се очекуваше епска борба меѓу Џошуа и Дионтеј Вајлдер, но ништо од тоа, Џошуа потоа сакаше да се бори против Поветкин, но на крајот се договори борба против аутсајдерот Милер.

„Се обидов да договорам меч со Паркер за титулата, па со Вајлдер кој одлучи да „дотепа“ некој лесен боксер. Не се договорив ниту со Поветкин, така што морав да ја прифатам понудата на Милер. Не смеам да си допуштам никаква грешка, ако загубам од него, мислам дека ќе си пукам во глава“, рече Џошуа.
Борбата меѓу Џошуа и Милер е закажана за 1 јуни, во Њујорк.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО