Филип Ангелов е најдобар борач на „Легендите на Спартак 2022“ (ФОТО)

На Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“ за најдобар борач на турнирот е прогласен Филип Ангелов од Спартак, Атанас Костадинов од Бугарија е најдобар странски борач, а Даријан Павлев од Спартак е најдобриот домашен борач, додека најтехничар е Алихан Мутазе од Шкупи.

На турнирот во Кочани учествуваа над 100 момчиња и девојчиња од Балканец, Бучим, Бучим шампион (Конче), Киро Ристов (Таринци), Лирија, Карбинци, Борец, 7 Мај, Вардар, како и еден клуб од Солун, Грција, и еден од Петрич, Бугарија.

А борачите на Спартак освоија 7 медали – 3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.

Медалите ги освоија:
Филип Ангелов златен 60кг
Даријан Павлев сребрен 54кг
Милан Трендов сребрен 65кг
Михаил Ангеловски сребрен 60кг
Андреј Соколов бронзен 48кг
Славица Митева златен 40кг
Стојана Митева златен 50кг

Инаку, Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“ ќе се одржи по 22-ри пат како продолжение на „Колев-Андонов“ и се одржува во спомен на сите борачи кои во изминатиот период дале придонес за развој и популаризација на борењето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО