Нил Мањи го победи Даниел Родригез, а Аманда Лемос ја нокаутира Марина Родригез

Бразилските борци во сламка категорија го предводеа интересниот настан УФЦ Фајт најт 214, кој се одржа во Лас Вегас. Имено, од 11 натпревари само два завршија со судиска одлука.

Во главната борба Аманда Лемос со прекин во третата рунда ја совлада Марина Родригез и стигна до 13-та победа во кариерата и втора во низа.

На почетокот на рундата Аманда ја затресе Марина со десна кроше, а потоа почна уште пожестоко. Таа удри со летечко колено, а со серија удари го принуди судијата да го прекине мечот.

Тоа беше седма победа за Бразилката во последните осум настапи.

Во конасловната борба Американецот Нил Мањи во третата рунда со завршница (Д’Арс давење) го победи сонародникот Даниел Родригез.

Тоа беше 20-та победа за Мањи во полусредна категорија на УФЦ, а сега е на првото место на листата на триумфи во таа дивизија. Досега првото место го делеше со Жорж Сент Пјер.

„Сега целата моја напорна работа се исплати, тоа е одлично чувство“, изјави Нил Мањи и го прозва Жилберт Барнс.

Во главната програма на настанот беа видени уште две „принуди“.

Тагир Уланбеков го победи Нејт Менес со гилотина во првата рунда, а Грант Досон го победи Марк Медсен со задушување од позади.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 214:

Аманда Лемос – Марина Родригез – ТКО (тупаници), Р3 (0:54)
Нил Мањи -Даниел Родригез – завршница (Д’Арс давење), Р3 (3:33)
Шајлан Нуерданбике – Дарик Минер – ТКО (лакти), Р1 (1:07)
Тагир Уланбеков – Нејт Менес – завршница (гушење со гилотина), Р1 (2:11)
Грант Досон – Марк Мадсен – завршница (гушење од позади), Р3 (2:05)

Воведни борби:
Миранда Маверик – Шана Јанг – едногласна одлука (30–26, 30–26, 30–26)
Марио Баутиста – Бенито Лопез – завр. (обратен рачен триаголник), Р1(4:54)
Полијана Вијана – Џин Ју Фреј – КО (удари), Р1 (0:47)
Џони Муњоз Јуниор – Лиудвик Шолинијан – со одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Џејк Хедли – Карлос Канделарио – завршница (давење со триаголник), Р2 (2:39)
Тамирес Видал – Рамона Пасквал – ТКО (летечко колено во телото), Р1 (3:06).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО