Фергусон е официјален предизвикувач на Мек Грегор, Џонсон постави рекорд во УФЦ (ВИДЕО)

Тони Фергусон (24-3, 14-1 УФЦ) ја освои привремената титула на УФЦ во лесна категорија.

33-годишниот Американец со давење со триаголник во третата рунда во главната борба на УФЦ 216 во Лас Вегас го принуди на предавање Кевин Ли (16-3, 9-3 УФЦ) и ја постигна десетата последователна победа во УФЦ.

Актуелен шампион во лесна категорија е Конор Мек Грегор.

https://youtu.be/jOFVhALN6cw

Првакот во мува категорија Демтриус Џонсон (27-2-1, 15-1-1 УФЦ) со одличен армбар во петата рунда го победи Реј Борг (11-3, 5-3 УФЦ) и со 11 одбрани на титулата постави рекорд скок во УФЦ прескокнувајќи го Андерсон Силва.

https://youtu.be/le7ymyCuG1Q

Фабрицио Вердум требаше да се бори со Дерик Луис, но Американецот гоо ткажа настапот еден ден пред борбата поради повреда на грбот. Само неколку часа пред настанот Волт Харис, кој требаше да се бори со Марк Годбер, го прифати дулеот со поранешниот шампион. Вердум го совлада со лост на раката за 65 секунди.

https://youtu.be/2XqCxJHM_jk

УФЦ 216:
Тони Фергусон – Кевин Ли (сабмишн, триаголник, Р3)
Деметриус Џонсон – Реј Борг (сабмишн, армбар, Р5)
Фабрицио Вердум – Волт Харис (сабмишн, армбар, Р1)
Мара Ромеро Борела деф. Калиндра Фариа (поднесок, заден стрес, R1)
Бенеил Дариуш – Еван Данхман (неодлучена, 29-28, 28-28, 28-28)
Коди Стаман – Том Дујусној (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 30-27)
Боби Грин – Ландо Ванната (неодлучена 29-27, 27-29, 28-28)
Полијана Ботело – Перл Гонзалес (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Мет Шнел – Марко Белтран (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 30-27)
Џон Морага – Магомед Бибулов (КО, Р1)
Бред Таварес – Талес Леитес (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-26, 30-26)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО