Јубенк го нокаутира Јилдирим и влезе во полуфиналето на WBSS турнирот (ВИДЕО)

Крис Јубенк Јуниор (26-1, 20 КО) во Штутгарт избори пласман во финалето на турнирот WBSS и и по втор пат ја одбрани титулата на ИБО во суперсредна категорија.

28-годишниот Британец со лево кроше во третата рунда го нокаутира претходно непоразениот Авни Јилдирим (16-1, 10 КО). Пред прекинот двајцата разменуваа удари во средината на рингот, откако Јубенк го погоди прво со десно, а потоа и со лево кроше 26-годишниот Турчин падна и судијата оправдано ја прекина борбата без да бороење.

Во полуфиналето ќе се бори против победникот од мечот меѓу Џорџ Гровс и Џејми Кокс. Првиот полуфиналист на Светската боксерска супер серија во суперсредна категорија е Калум Смит.

https://youtu.be/H2N3lAzK9Uw

https://youtu.be/n30eb8O15jE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО