Феликс Штурм го детронизираше Федор Чудинов (ВИДЕО)

Feliks Sturm

Феликс Штурм (Германија) го детронизираше шампионот на Светската боксерска асоцијација во супер средна категорија Федор Чудинов (Русија) на галавечерта во Оберхаузен (Германија). Средбата беше исклучително неизвесна. По 12 рунди двајца од судиите дадоа 115-113 за Германецот, а третиот 114-114.

Штурм (37 г.) стана првиот петкратен светски шампион на Германија. Тој многу добро го почна мечот. Во средните рунди Русинот зададе неколку многу тешки удари, но предизвикувачот не се отакажа. Клучен момент беше последната, 12 рунда. Во која Штурм покажа повеќе желба, со што ја доби средбата.

Статистиката покажа дека Русинот имал сериозна предност по бројот на пласирани удари. Тој постигнал вкупно 297 наспроти 184 погодоци.

Ова беше 40-та победа (18 со нокаут) за новиот шампион, кој има 5 порази и 3 нерешени. Билансот на Чудинов е 14 победи (10 со нокаут) и 1 пораз. Штурм се одмазди за поразот од Русинот во мај.

https://youtu.be/xVKHw_QH2ao

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО