Федор за 48 секунди го нокаутира Мир (ВИДЕО)

Федор Емелијаненко (37-5) со брз нокаут се избори за полуфиналето на Гранд прито на Белатор во тешка категорија.

40-годишниот Русин во четвртфиналето одржано на Белатор 198 во Чикаго за 48 секунди го нокаутира Френк Мир (18-12).

Поранешниот шампион на УФЦ подобро го отвори мечот и го уриваше противникот со десно кроше по нискиот удар (лоу кик). Федор успеа да се врати на нозе и да го фрли Мир. Потоа двапати го удира со коленото во градите, а неколку минути подоцна го испраќа на подот и го завршува со удари во партер.

Во полуфиналето ќе се бори со Каел Сонен, кој влезе во кафезот по борбата и направи соочување.

Преостанатиот четвртфинален пар е Рајан Бадер и Кинг Мо. Тие се борат на 12 мај во Сан Хозе.

Третиот четвртфиналист е Мет Митрион.

Тренинг партнерот на Конор Мек Грегор и БЏЏ ѕвезда Дилан Денис успешно ја започна ММА кариерата. По 98 секунди од борбата го принуди Кајл Вокер да се предаде (2-5).

Белатор 198:
Федор Емелијаненко – Френк Мир (КО, Р1)
Емануел Санчез – Сем Сицилија (сабмишн, давење со триаголник, Р1)
Рафаел Ловато Јуниор – Џералд Харис (сабмишн, армбар, Р1)
Нејман Грејси – Хавиер Торес (сабмишн, давење со триаголник, Р2)
Дилан Денис – Кајл Вокер (сабмишн, тоехолд, Р1)

https://youtu.be/R65l5Hbefyw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО