Федор Емилијаненко следен од федерални агенти пред Белатор 198

Френк Мир не беше единствениот за кого требаше да се грижи Федор Емилијаненко за време на Белатор 198.

„Последниот император“ беше следен цела недела пред настанот од федералните агенти. Дури и го посетија во хотелската соба каде што разговараа.

Досега никој не знае што се случува. Емилијаненко има врски со Доналд Трамп и Владимир Путин, но нема причини за посетата. Тимовите на Легаториал и Белатор не го спомнуваат овој случај.

Сепак, постојат претпоставки што можело да доведе до посетата на агентите. Кога Емилијаненко потпиша со Афликејшн ентертејмнт, на водечка позиција во компанијата беше Мајкл Коен, кој во моментов е под истрага токму од ФБИ за сериозни банкарски измами. Но, ова, се разбира, е само една шпекулациите.

Без оглед на причината, Федор мораше да се бори со Френк Мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО