По две злата, сребра и бронзи за најмладите каратисти на Балканското во Белград (ФОТО)

Македонија освои уште шест медали на Балканското првенство за деца во Белград, Србија, по два златни, сребрени и бронзени.

Ова е билансот на најмладите каратисти по вториот ден, а денеска се завршните натпревари.

Медалите ги освоија:

Андреј Ангеловски – 45 кг, 13 години, борби – златен медал
Анастасија Минговска – кати, 12 години – златен медал
Филип Стојанов – 40 кг, 11 години, борби – сребрен медал
Недим Шаќири -37 кг, 12 години, борби – сребрен
Данка Стојкова – кати, 12 години – бронзен медал
Андреј Басаров + 52 кг, 12 години, борби – бронзен

Во вкупниот биланс Македонија има 9 медали – 2 златни, 3 сребрени и 4 бронзени и е на 7 позиција.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО