Федор отркри кога ја сака наредната борба

Fedor Emelianenko
Fedor Emelianenko

Федор Емилијаненко би требало повторно да се бори во април. Иако неговиот тренер најави дека уште денеска ќе бидат објавени детали за следниот негов настап, сепак тоа не се случи. Не се знае кој ќе биде следниот противник на Федор, но речиси е сигурно дека повторно ќе настапи во Јапонија.

Организацијата Ризин подготвува настан во април и август оваа година, а Федор би сакал што порано да ја одработи новата борба.

„Следниот борба на распоредот е во април. Мислам дека ќе се одржи во Јапонија, во соработка со Ризин. Знам дека се планира настан во август и дека се во тек преговори со Белатор и други организации. Постои можност за заеднички проект. За мене најдобро би било да настапамо април. Четири месеци ми требаат за мал одмор малку пред почетокот на подготовките за новата борба“, и рече Федор на руските новинари по првата борба по три години пауза и победата над Џаидеп на новогодишната ноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО