Кро Кап: Федор ќе остане запаметен како најголем за сите времиња

Mirko-Filipovic-i-Gabriel-Gonzaga

Минатата година беше година на Мирко Филиповиќ. Прво, го дочека сензационалното враќање во УФЦ, каде што импресионираше со победата над Габриел Гонзага, а половина година подоцна повторно се повлече, овој пат со обвинување за употреба на забранети средства. Во интервју за Index.hr, Кро Кап направи осврт на кариерата во поледната година.

Како гледате сега на сето што го постигнавте откако ја завршивте кариерата?

„Горд сум на сето она што го направив, на секоја моја борба, на секоја победа, но и на секој пораз“.

Дали овој пат конечно кажавте збогум ММА?

„Мислам дека многу му дадов на боречкиот спорт и дека во него оставив длабок белег. За жал, биолошките закони важат еднакво за сите и не штедат никого. Телото ми е целосно истрошено и полно со повреди. Некои од нив ќе се лекуваат со времето, но некои од нив ќе имаат трајни последици. Што се однесува до враќањето … сега дури ни на крај памет не ми паѓа да се вратам. Што ќе се случи подоцна и дали од здравствен аспект, воопшто е паметно да се влезе во подготовки за борба, кои се многу понапорни и поопасни од самиот меч, не знам, но сега сум во пензија и така нека остане“.

За неговото пензионирање, кое прерасна во суспензија, Мирко вели:

„Било и поминало. Сè што се случуваше по одлуката да се повлечам, секако, не е нешто што би го посакал којбило спортист. Откако сите медиуми се кренаа на нозе, а многу од нив никогаш дури и буква не напишале за мојата кариера, ме обвинија за некаков допинг, хистеризираа, фрлаа дрвје и камења, секој мој демант изгледаше како да собирам пердуви фрлени од врвот на облакодер. Вистината е дека јас поврдив рамото и ми се закануваше многу полоша повреда ако продолжам да тренирам. Само тоа е причината поради која се прекршив во себе дека ми доста од таа агонија и секојдневните тренинзи со болки“.

Што ве влечеше да се борите и кога ја поминавте четириесетата?

Многумина сметаат дека гладта за пари е основната причина. Сепак, тоа не е вистина. Борбите се нешто во кое што уживам, на нив и посветив животот и тешко од тој начин на живот може да се разделам. Петар Аертс, еден од најголемите борци во историјата на кикбоксот и мој лично најдраг, се повлече пред две години, но денес, со  своите 45 во Јапонија има борба на настанот каде што е и Федор. Човек се бави со нешто го сака. Да имате вистинска екипа околу себе, да уживате во борбата и уште да бидете врвно платени, привилегија што малкумина ја имаат. Заминувањето секогаш е тешко и сите борци го одолжуват што е можно подолго. Главно две работи пресудуваат – или повреда или серија на порази, по кои не се интересен ниту за публиката ниту за промоторите“.

Се осврна и на некои посебни моменти во неговата кариера.

За Минотаур:„Минотаур е вистински великан на овој спорт и мој голем ривал, кого исклучително го почитувам порди се што и даде на слободната борба“.

За Федор: „Ќе остане запаметен како еден од најголемите, би рекол дури и најголем“.

Како беше да се бориш со Боб Сап, со таков „тенк“ од човек?

„Во времето кога се боревме, Сап беше сензација во светот на боречките вештини. Пред мечот со мене два пати го нокаутираше легендарниот Ернесто Хуст, со што си застрашувачки имиџ. Во очи на борбата со Сап, верував во себе, знаев дека застрашувачкиот изглед и огромна маса е меч со две сечила. Никој не може со кислород да нахрани толкава маса повеќе од една рунда. Се разбира, брзината и агилноста беа на моја страна. Се останато е историја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО