Федор: Не станува збор за повлекување и доби голем аплауз на прес-конференцијата (ВИДЕО)

Веќе долги 17 години трае професионалната ММА кариера на Федор Емилијаненко (36-5-0-1), еден од најголемите борци во историјата на слободната борба.

„Дали е ова крај за легендарниот Русин, дали е време да се пензионира“, го запрашаа многумина Емилијаненко откако доживеа уште еден пораз, четврти во последните девет натпревари, и тоа со нокаут во меч во кој тој и Мет Митрион во исто време се најдоа во нокадаун.

Одговорот на ова прашање Федор го понуди отако го запраша Ариел Хелвани дали сака уште да се бори.

„Да, затоа што јас сум борец“, беше одговорот на „Последниот император“ кој со оваа кратка реченица изнуди голем аплауз од сите присутни на прес-конференцијата.

Федор порача дека се чувствува добро и дека ништо не би променил во подготовките за оваа борба, и покрај фактот дека беше поразен.

„Мислам дека ништо не би менувал. Би тренирал на ист начин и можам да ви кажам дека во текот на овој камп ја вложив целата моја енергија во ова“, заклучи Емилијаненко на кого синоќешниот влез во кафезот во Белатор му беше 42-от професионален настап.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО