Федор не размислува за пензионирање: Ќе се борам додека чувствувам дека можам!

40-годишниот Федор Емилијаненко следниот викенд се врача во кафезот со настапот на Белатор 180, поради тоа е прашан уште колку време има намера да остане активен борец. Рече дека моменатлно е во таква ситуација што не размислува за пензионирање, однонсо да уживааво оживеаната  кариера.

На Федор ова ќе му биде трет меч по враќањето од пензија и прв во САД од 2011 година, кога имаше серија од три порази додека се бореше во Страјфорс. Вусшност, тоа му беше главната мотивација да потпише за американската промоција, а Скот Coker и Белатор беа најконкретни. Се ќе тргне со борбата против Мет Митрион следниот викенд, а Федор се обиде да се објасни што овој патр ќе биде различно, за разлика од минатата американска авантура.

„Главната разлика е во тоа што тогаш целиот камп го поминав во Русија, а сега за првата планирана борба со Митрион многу време поминав во Полска, каде што имав спаринг со борци слични на него. Во топ форма сум и сум подготвен. Митрион е сериозен противник, сигурно припаѓа во самиот врв на тешкашите во светот. Кога некој удира како него, секогаш има реални шанса за победа, а јас треба да бидат многу внимателен“, изјави Федор, на кого ова ќе му биде 42 борба во професионалната кариера.

Гледајќи на годините и бројот на одрабортени мечеви, секако дека се поставува прашањето уште колку ќе се бори еден од најпопуларните борци во историјата. Но, тоа не знае да одговори, затоа што се чувствува како во неговите најдобри денови.

„Како и секој борец, имам намера да се борам додека чувствувам дека можам и додека ми дозволува моето тело. Потпиша договор со Белатор на три борби и целта ми е да ги направам, ако успеам да издржам без сериозни повреди“.

Белатор, најверојатно, не гледа на Федор како на некого на кој ќе му договарат борба за шампионската титула, но како борец кој со своето име ќе ги предводи програмите, со што ќе се обидат да ги промовираат своите најмоќни борци и шампиони. Така што и по Митрион можеме да очекуваме средба на Федор со некое познато име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО