Федор: Не можам да речам дека последната борба на мојот брат беше циркус, зашто ќе го навредам циркусот

Легендарниот Федор Емелијаненко уште еднаш ќе се врати на бојното поле во Јапонија, каде што се стекна со светска слава.

43-годишниот Русин овој викенд во Саитама супер арената ќе се бори со соборецот од славните денови на Прајд Квинтон Џексон.

Заедно нстапувале на неколку настани на Прајд, а се среќаваа и по Америка.

„Многу пати се серќававме во Америка и односот секогаш беше топол, пријателска, но тоа е само спорт“, рече Федор.

Зборуваше и за тестирањето во Белатор. Рече дека бил тестиран пред и по секоја борба од страна на спортската комисија, додека за борбите во Русија не беше тестиран пред туку по борбите.

Рече дека обично не сака да дава интервјуа за руските медиуми, затоа што неговите зборови честопати се извртуваат.

Иако тоа не е негов обичај, тој зборуваше и за неговиот брат Александар, со кого не зборува од 2017 година. Во ноември, помладиот Емелијаненко во боксерски меч го нокаутира снагаторот Михаил Коклјaева.

„Тоа не беше спорт. Тоа беше антиспорт. Не би рекол дека станува збор за циркус затоа што тоа би било навреда за циркусот. Се молам тој човекот конечно да се пронајде себеси. За мене е мртов. За да се премислам ќе мора да се извинам на луѓето кои беа физички злоставувани и ги измами за пари. Александар има доволно години и сум уморен од тоа. Жал ми е за луѓето за кои мисли дека му се блиски“.

Колку пари се мотивот за продолжување на кариерата?

„Фала му на Бога имав долга кариера и за тоа време добро заработив. Денес тоа е моја работа. И јас работам да заработам големи пари и парите се дел од мотивацијата, затоа што го хранам семејството. Морам да работам и да заработувам. Да кажеш дека парите не играат улога не би било вистинито, затоа што секој човек сака добра работа. Јас имам добра работа што ја сакам “.

Изјави дека по последната борба против Рајан Бадер направил на операција на коленото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON