Големиот реванш Фјури-Вајлдер закажан за 22 февруари, Дионтеј се заканува

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер реваншот зa титулата на ВБЦ во тешка категорија ќе го одржат на 22 февруари во Лас Вегас.

Пред нешто повеќе од една година нивната прва борба во Лос Анџелес, имше голема борба завфши нерешено, при што Британецот два пати беше во нокдаун но во финишот успеа да го раздрма Американецот.

Еден од судиите гласаше 115-111 за Дионтеј Вајлдер, вториот гласаше 114-112 за Тајсон Фјури, а третиот 113-113. Долго се говореше за раванш и денеска пристигна потврда дека е договорена борба која ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас.

„По 22 февруари, повеќе ќе нема неодговорени прашања. Ќе го довршам она што го започнав, и овој пат Тајсон Фјури нема да може да стане од патосот толку брзо. Се имам докажано во голем број наврати и повторно ќе се докажам во февруари“, напиша Дионтеј Вајлдер на социјалните мрежи како дел од најавата за борбата.

Популарниот „Џипси кинг“ беше поскромен и кратко напиша: „Борбата е договорена! На 22 февруари во МГМ Гранд гарден арена, гледајте ме како ќе го нокаутирам Дионтеј Вајлдер“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО