Легендарниот Фeдор Емелијаненко не е голем обожавател на неговиот помлад брат, но сепак ги следи неговите настапи. На крајот на минатиот месец Александар влезе во кафезот со Магомед Исмаилов во главната битка на АЦА 107. За жал за Александар, Магомед имаше многу силен настап и го уништи во борбата. Емлијаненко не успеа да му се спротивстави на Исмаилов, кој го беше поодбар и во стој и во партер.
Нивната битка траеше 3 рунди под диктат на Исмаилов, кој победи со нокаут до крајот на рундата. Александар замина со скршен нос и голем срам. Федор беше прашан од медиумите за мислење за оваа борба
„Да, го гледав овој меч помеѓу Александар и Магомед Исмаилов. Магомед ја покажа најдобрата страна од себе. Според мое мислење, тој не му остави шанса на Александар. Мислам дека Александар не треба да се откаже и сериозно да ја сфаќа секоја битка.
Кога борец е премногу сигурен, тој не тренира напорно и тогаш може да очекувате пораз. Беше јасно дека ова беше шанса за Исмаилов да се крене. Ја сфати битката многу сериозно и си ја заврши работата. Магомед не погреши и направи многу добра борба“, рече Федор.
https://www.instagram.com/p/CEKGTd9jkTm/?utm_source=ig_embed