Федор Емилијаненко: Никогаш не помислив на повлекување по нокаутот од Митрион

Легендарниот борец Федор Емелијаненко вели дека дури и не помислувал да се повлече од спортот откако беше нокаутиран од Мет Митрион во јуни минатата година.

„По мојата борба со Митрион, никогаш не помислив на повлекување, планирав да продолжам да се борам, работите се случуваат“.

Емелијаненко утре ќе се бори во кафезот на Белататор против Френк Мир, во обид да ја забележи својата прва победа во САД од 2009 година кога го нокаутира Брет Роџерс.

„Последниот император“ ќе се обиде да ја забележи првата победа на Белататор против дебитантот во организацијата, Мир.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО