Еден бод го чинеше Дејан Георгиевски медал среде Атина и бодови за Олимпијдата

Европскиот таеквондо шампион Дејан Георгиевски (+87 кг) на светскиот „Президент куп Атина 2018“ од серијата Г 2 турнири за бод изгуби медал кој носеше бодови за Олимпиксите игри во Токио 2020. ТКД Бутел со дел од своите репрезентативци настапи на овој Куп.

Дејан Георгиевски во првата борба се сретна со Гркот Атанасиос Николадис, при што славеше 9-8, а во второто коло се бореше со фаворитот Олег Кузнецов од Русија од кого загуби 15-16, кој подоцна се најде во полуфиналето со братот Роман, кој, пак, на крајот го оссвои првото место.

Впрочем , Русите доминираа на овој турнир.

Според водството на нашиот тим, фокусот не беше насочен на овој турнир, туку тој послужи само како проверка на формата за Европското првенство на 12 мај во Казан, Русија.

Вториот наш натпреварувач, Костадин Аврамовски (-74 кг) се бореше со Швеѓанецот Азиз Мохамед Шериф и славеше 18-6, а потоа се сретна со српскиот олимпиец Дамир Фејзиќ од кого загуби со 9-3.

Г 2 турнирот е еднаш годишно на тлото на Европа и носи дупло повеќе бодови од Г 1.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО