Мирко Филиповиќ го демантира Емилијаненко за началниот договор за реванш меч

Мирко Филиповиќ ги демантира информациите на Русинот Александар Емилијаненко дека е постигнат начален договор за нивниот реванш меч. Русинот ова го кажа во интервју рускиот весник Спорт експрес.

„Драги пријатели, изјавата на Александар Емелијаненко се појави на неколку портали дека е постигнат договор околу нашата возвратна борба. Како прво, прв пат слушам за тоа и не знам која е причината Александар да измислува такви работи, а можно е  некој и да го излажал и му кажал сешто. Во суштина, ова е првиот глас за тоа и никој досега не ме контактирал за таа борба, а камоли јас да сум се догговорил штобило во врска со таа борба. А, како второ, борбата со Александар Емелијано воопшто не ме интересира“, напиша на својот ФБ профил Мирко Филиповиќ – Кро Кап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО