Федор Емилијаненко не е воодушевен од Ронда Русеј

fedor-emelianenko-mma--strikeforce

Ронда Русеј се наоѓа на врвот од кариерата, како ММА борец и како ѕвезда. Во моментов, само Конор Мек Грегор може да и конкурира на слава и извесноста во ММА круговите.

 Но, по сè изгледа дека легендата во слободните борби – Федор Емилијаненко не навивач. Федор оди дури и подалеку, велејќи дека за жените нема место во октагонот.

 Еве што вели „The Last Emperor“ за ѕвездата на УФЦ:

 „Во моментов, оваа девојка, Русеј, е на чело на речиси сите листи во ММА. Навистина сум изненаден од овој факт. Како е можно борец кој има dobieno толку удари со раце и потоа задава излишни удари, заради своите недостатоци да е на чело на листите за најдобар борец и слично?

 Се уште верувам дека жените не треба да се борат во кафез, може да сум старомоден, но тоа е моето мислење“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО