Мејведер: Кога ќе заработи 300 милиони долари за 36 минути Ронда, нека ми се јави! (ВИДЕО)

mejveder-pari 2

Непобедливиот и непобитен шампион во бокс, Флојд Мејведер, и одговори на закачката на шампионот на УФЦ во бантам категоријата Ронда Русеј. Оваа година Русеј ја доби наградата за најдобар борец на ESPYS. За време на церемонијата Русеј изјави дека на Мејведер ќе му е доста тешко да проголта дека бил поразен од жена. 

Еве како одговори боксер на овој коментар:

„До сега не знам за ММА борец или, пак, боксер кој има направено 300 милиони долари за 36 минути. Кога Ронда ќе направи такво нешто, може да ми се јави. До пред еден месец, дури не знаев која е оваа жена, очигледно, доста и влијаеше егото. Но, сепак, сакам да и честитам на неа и на УФЦ работата што ја завршија. Лично, имам шест или седум награди за „Најдобар борец“ од ESPYS, така штотаа нека земе една. Браво на Ронда“.

Доста силни зборови од страна на Мејведер, но кога човек само ќе си помисли дека тој во стриптиз бар потрошил повеќе пари отколку Ронда што спечали од последниот меч, има зошто да биде уверлив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО