ИН МЕМОРИАМ: Почина великанот на македонското карате-Димче Кичевски!

Kicevski D

Денес, по долго боледување, почина легендарниот каратист и тренер, Димче Кичевски, кој е роден  на 1 декември 1950 година во Бегниште, Кавадарци.

Dimce so reprezentacija 1993 godina

Кичевски на карате спортот му посвети вкупно 48 години, притоа бил 21 пат државен првак на Македонија (и СРМ), двократен првак на СФР Југославија, а 1980 година станува балкански шампион, додека истата гоидна на Европскотои првеснтво во Австрија го освојува бронзениот медал.

За репрезентацијата на Југославија има 52 настапи. Тој е прогалсен за каратист на 20 век (Енциклопедија на Македонија, том 1, стр.697).

Покрај ова, Кичевски ги предводеше карате клубовите Вардар и Водно, при што освои шампионски титули на Македонија, а неговите каратисти освоија европски медали.

Ju reprezentcaija vo Svedska

Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години беше и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Последните години од животот ги помина во кик боксот, заедно со покојниот Љупчо Неделковски и неговата сопруга Александра, притоа судеше мечеви од меѓународен карактер.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“ на Град Скопје.

До пред две години работеше и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот беше кик-бокс судија.

Последно негово појавување на еден карате настан беше на неодамнешниот турнир на КК Аеродром, по повод 40 години од неговото одржување, при што доби пригодно признание.

Можеби во некои потези не ги направи како што очекуваа другите, но секој има право на свој избор.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, во 10 часот, во капелата на гробиштата Бутел, а погребот е закажан во 11 часот.

Лесна му земја.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО