ФБСМ вели „Македонскиот бисер“ е преместен во Скопје од практични прични, штипјани нешто друго

Dejan Mitrov EP Riga 2016

Датумот и местото беше одредено како заеднички став, на состанок со представници на: Агенцијата за млади и спорт на РМ, Македонски олимписки комитет, Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерација на боречки спортови на Македонија. Скопје беше избран како место на одржување поради: најдобрите комуникациони, сместувачки, спортски услови и близина за одржување на протоколарни средби на државниот врв, со челниците на eвропското и светско борење кои го потврдија своето присуство доколку организацијата е во Скопје, се вели во соопштението на Федерацијата на боречки спортови на Македонија.

Екипата на Балканец пред десетина дена објави дека ги прекинува односите со ФБСМ и јавно праша зошто турнирот „Македонски бисер“ кој, според календарот на Обединетото светско борње, организацијата му е доделена на БК Балканец е преместен во Скопје.

Колку е нешто од практични причини или поради други барања останува нејасно.

Федерацијата за боречки спортови на Македонија се огласи со соопштение за оваа мешаница.

,,Јубилејниот 40тти Македонски Бисер  2016 година‘‘ ке се одржи од 03 до 05 јуни 2016 година во Скопје. Датумот и местото беше одредено како заеднички став, на состанок со представници на: Агенцијата за млади и спорт на РМ, Македонски Олимписки Комитет, Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерација на Боречки Спортови на Македонија.   Скопје беше избран како место на одржување поради: најдобрите комуникациони, сместувачки, спортски услови и близина за одржување на протокуларни средби на државниот врв, со челниците на Европското и Светско борење кои го потврдија своето присуство доколку организацијата е во Скопје.

 Жалиме што во јавноста се пласираа изјави дека Македонскиот бисер 2016 г. ке се одржи во Радовиш, или во Штип, што не ни било предмет на одлучување бидејки немало ни официјални барања за истото. Боречкиот клуб ,,Бучим‘‘-Радовиш не го доби организирањето  на Македонскиот Бисер 2016 иако сакаше да го спои и со прославата на 20 години од освојувањето на Клубската  светска титула во борење слободен стил. Жалиме што и Балканец не ја доби организацијата на Македонскиот бисер 2016 година во Штип, но доколку поднесат официјално барање, тие ке имаат предност при кандидатурите за одржување на ова спортска манифестација следните години.

Не разбираме од каде доага нивниот  револт, и одлуки од типот дека ке ја прекинат секоја соработка со ФБСМ, кога сите имаме еден заеднички интерес, да работиме за доброто на македонското борење, а прославата на јубилеј 40 години Македонски Бисер треба и ке биде манифестација која ке ја организираме така што достојно ке ја презентираме македонската гостопримност пред Клубовите, Борачите и челниците на Европското и Светско борење на најсоодветен начин, по мислење на асоцијациите кои ке ја финансираат и организираат во Скопје, Агенцијата за млади и спорт на РМ, Македонски Олимписки Комитет, Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерација на Боречки Спортови на Македонија.

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ),ја користи приликата, да ја повика спортската јавност, сегашни и поранешни: спонзори, финансиери, подржувачи, спортисти, тренери, судии, лекари, новинари… да се придружат во тимот кој ке го организира ова спортско случување, но и да земат активно-волонтерско учество во активностите на ФБСМ, и на Боречките Клубови во Македонија. Сите добронамерници се добредојдени. Целта на новото раководство на ФБСМ е да се консолидираат состојбите што побргу во Клубовите и во Федерацијата,која се наоѓа во исклучително тешка финансиска состојба и потребни се многу време, трпение, знаење и финансиски средства, да се работи здружено а не разединето, професионално, чесно, и посветено, да се врати некогашниот сјај на борењето кое некогаш беше најтрофеен македонски спорт. Секој што ја има ова цел е добредојден и пожелен да се активира со личен ангажман или подршка од било кој вид за борењето.

Челниците на Балканец од новоизвраниот состав исто така се добредојдени да работиме заедно, за доброто на Клубот и борењето, без деградирање на никого и без политиканство. ФБСМ работи во се согласно Статутот и законите. УО ги носи сите одлуки со мнозинство гласови. Во моментот Штип има 3 свои представници во УО на ФБСМ, легитимно избрани, и обвинувања да се разрешат едни за да се назначат други членови е прашање на желба, но можноста, таа да се оствари е само и исклучиво сгласно постојните Статутарни регулативи. Политикантсво нема место во спортот.Во таа насока ке се кооптира 1 нов член во УО согласно одредбите на следни седници, и Штип ке има вкупно 4 свои представници во УО на ФБСМ кој брои вкупно 13 членови.

Членовите на УО на ФБСМ уште еднаш изразуваат благодарност до сите добронамерници кои сега или кои во иднина ке работат за добробит на  боречкиот спорт и промоција на македонската држава во светот на најрепрезентативен начин, да помогнат а не да одмагаат со дезинфорации на јавноста.

ФБСМ има ист респект кон сите Клубови, борачи и спортски работници, за сите важи ист Статут, правила и регулативи, така се работи и никако поинаку, така и ке остане. Спортот е мегдан  за зближување и општествено полезно ангажирање, секој кој така размислува  го поттикнуваме да ни се придружи за да создадеме нови боречки асови, наследници на некогашните олимпијци, медалисти и силни клубови, за гордот на сите нас а за популаризација на Македонија во Европското и Светско поединечно и клупско борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО