ФБСМ: Тренерите на петте најдобри екипи ќе добиваат по 7 илјади денари, а остантатите по 5 илајди

Управниот одбор (УО) на Федрацијата за боречки спортови на Макеоднија (ФБСМ) денеска одржа седница на која се донесени повеќе одлуки.

Пет екипи кои постигниваат најдобри резултати ќе добијат по 7 илјади денари од Федерацијата за извршување на тренерската функција, а другите клубови по пет илјади денари и еднократна парична награда за оваа намена.

Федерацијата потпиша и четири договори за спонзорирање на активности на ФБСМ. Донесена е одлука да се обезбеди еден правник,кој ќе работи на правилнииците за да бидат усогласени според законите. Исто така, донесена е одлука да се обезбеди независна ревизорска куќа, за да направи ревизија на потрошените финансиски средства на Федерацијата од 2013 до 2017 година.

Стана збор и за новинарите, кои ќе бидат ангажирани за следење и реализирање на проектот за развој на борењето, за што ќе се потпишат и договори со нив.

Ipon.mk/K.M.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО