Олимпијците Шабан Сејдиу и Зоран Шоров ќе го промовираат борењето во Македонија

Легендите на македонското борење Шабан Сејдиу и Зоран Шоров ги потпишаа договрите со кои се предвидува тие да бидат промотори на големиот проект за развој на овој спорт во Македонија.

За таа цел, за македонските клубови се набавени 8 душеци, спортска опрема и сите потребни спортски реквизити, кои ќе бидат поделени на клубовите.


„Горд сум што заедно со Сејдиу ќе го реализираме овој проект. Верувам дека ќе дадеме придонес борењето да се врати на вистинските патеки“, рече Зоран Шоров.

„Со Шоров ќе извршиме обиколка на клубовите и ќе видиме со што располагаат. Јас сум убеден дека проектот за развој на борењето ќе ги даде резултатите во овој едногодишен период“, додаде Сејдиу.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО