ФБСМ ги лиценцираше тренерите, судиите, делегатите и табеларите

Денеска во Скопје заврши семинарот за лиценцирање тренери, судии, табелари и делегати во организација на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

Семинарот што овие два дена се одржуваше во Скопје беше поделен во два дела: теоретски и практичен дел. Со лиценци – тренер 1 категорија се здобија Страшо Глигоров од Безбедност, Александар Стојаноски – 7 Мај, Седат Бафтиу – Лирија, Идрис Куртиши – Тефејуз, Виктор Богданов – Балканец, Симеон Џехов – Бучим, Марио Јордевски – Пеони, Руфат Исмаили – Тефејуз, Енвер Исмаили – Сарај;

со тренер 2 категорија и тренер 3 категорија: Кирчо Дамјанов – Спартак, Ацо Јорданов – Вардар, Игор Неделковски – Вардар, Јане Мелов – Неготино, Бејтула Алими – Студеничани, Давор Тасев – Балканец, Фатмир Азизи – Ускана, Игор Мицевски – Борец, Горан Атанасов – Бучим, Горан Николов – Олимпија, Сашо Игнатоски – 7 Мај.

Лиценци за судија со интернационална категорија добија Марјан Лазаров, Игор Христов, Илчо Марковски, Суфијан Исмаили и Даниел Илиев, додека судии со национална категорија се Игор Христов, Даниел Илиев, Гоце Ангелов, Душко Стојаноски, Гоце Митоски, Тамара Игнатовска.

Кандидати за судии се Тони Георгиев, Игор Петков, Влатко Јованов, Марјан Мимичкоски, Лиазим Дервишоски; делегати Марјан Лазаров, Илчо Марковски и Суфијан Исмаили, а табелари Христијан Стојаноски, Коста Шоров, Нехат Џафери и Руфат Исмаили.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО